ДЕЛЧЕВО: Целосно рехабилитиран транзитниот булевар „Македонија“

Делчево, 16.09.2019

Со обележување на хоризонталната сигнализација, заврши рехабилитација на транзитниот булевар „Македонија“ во Делчево кој е дел од државниот пат А3 кој поминува низ Делчево кон Бугарија.

Согласно со проектот се рехабилитираа двата коловоза од делот кај бензиската во Делчево до клучката за регионалните патишта за Берово и Граничен премин со вкупна должина од 3,5 км. Инвеститор на работите е Јавното претпријатие за државни патишта, а изведувач е ГП „Гранит“. Вкупната вредност на проектот е 32.464.582 денари.

Со рехабилитацијата на транзитниот булевар се реши и децениски проблем со оваа доста фреквентна сообраќајница во Делчево која комплетно се рехабилитираше прв пат од како е изградена.

Инаку, претходно беа рехабилитирани и пет километри од патниот правец Делчево-Ѕвегор-Граничен премин, како и најкритичниот дел од патниот правец Делчево- Пехчево во должина од 11 км. Двата проекти се реализираат преку ЈПДП со проект од Светска банка, каде оваа година се предвидени средства и за реконструкција на 11 километри на регионалниот пат Берово-Виница. Вкупниот буџет за овие три инфраструктурни проектие 3,3 милиони евра.

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе