Штип, 10.11.2019
Поголема група текстилни работнички од сите делови на државата се собра денес точно напладне пред капијата на поранешниот моден гигант „Астибо“ во Штип. Во организација на невладината Гласен текстилец работничките протестира барајќи поголемо достоинство за нивниот труд.
Од протестот се побарани подобри работни услови, повисоки плати, да не се прифати барањето на сопствениците времето од половина час наменет за појадок да не биде платен и да не се намалува бројот на празниците како неработни денови.
-Иако кај вработените во оваа индустрија сеуште постои страв сепак ние сме задоволна од бројот на присутните на протестот и кои јавно си ги кажаа маките во овој сектор, рече Кристина Ампева од Гласен тексилец.
Таа оцени дека работниците во текстилната индустрија тиесет години биле робови, имале лоши услови за работа, ниски плати, а наспроти тоа работодавачите барале нови кратења на нивните права. –“Денеска работиниците се собраа и кажаа стоп за барањата на работодавачите и побараа поголема почит кон работникот“ рече Ампева.
На протестот присуствуваше и Уранија Пировка од Хелсиншкиот комитет за човекови права. Таа рече дека последните четири години постои поголема свесност кај работниците за да ги кажат своите проблеми поради заштита на правата. Смета дека поддршката која им ја дале заедно со Гласен Тестилец работите ги сменија на терен, а работниците станаат многу похрабри.
-И во Хелсишнски сега стигнуваат многу повеќе барања и претставки од работничките кога им се прекршени правата. Мислам дека раздвижувањето им е забележително. Меѓутоа таа борба мора да биде уште поенергична од нивна страна. Ние секогаш ќе бидеме тука да им ја дадеме поддршката, но потребно е и тие самите таа битка да ја извојуваат, да бидат многу погласни, рече Пировска.
Пировска е со оценка дека бројот на претставките од страна на работниците за кршење на работничките права е зголемен за сто проценти во споредба со времето од пред четири години, а исто така трудовиот инспекторат многу повеќе работи на терен и постапуваат по претставките.
Штип е центар на македонскиот текстил, а штипските текстилни работнички оценуваат дека условите за работа не им се лоши, но се против зголемување на работното време, враќање на нормата, како и да се скратат празниците.