РЕГИОН: САСА водечка, следат Амфенол Технолоџи, Таб Мак, КИТ ГО, Адиент Сетинг, Макпрогрес, Актива…

Штип, 02.01.2019

Издаден е регистерот на најголемите, најуспешните и најбрзорастечките 200 фирми во државата во 2018 година. (Годината не е грешка зашто на крајот од секоја година се објавуваат резултатите за претходната година).

Меѓу најголемите компании во Источниот регион рудникот САСА е водечка компанија и е на 19 место во државата. По неа следуваат Амфенол Технолоџи-Кочани на 35 место, фабриката за акумулатори Таб Мак-Пробиштип која е на 39 место, па штипски КИТ ГО на 49 место, винички Мапрогрес е на 89 место, Адиент Сеатинг (поранешен Џонсон Контролс) во Штип на 93 место, Актива-Штип на 94 место. Компанијата БУЛМАК која ги има рудниците Злетово и Тораница е на 113 а штипската фирма Оаза екстра скопско на 135 место.

aktivaМеѓу 200 најуспешни се рудникот САСА на 3 место, Булмак на 26, Таб Мак на 30, Актива ДОО на 35, Амфенол Технолоџи на 42, Винербергер на 55 (поранешна фабрика за керамиди Пролетер Виница) , Роби Телекабел е на 69, кочански Техком на 87, Макпрогрес-Виница на 106, Кит Го на 110, Адиент Сеатинг на 115, Алекс ДООЕл-Кочани на 119, Плакат Медиа два ДООЕЛ-Штип на 136, Нико-2002  Штип на 191 и Оаза екстра скопско на 120 место.

Најбрзорастечки: Нико-2002 е на 29 место меѓу најбрзорастечките компании (во 2017 година била на 191 место), Адиент Сеатинг од 115 се искачил на 36 место, Техникал текстил од 62 на 39 место.

kitgoНа крајот од 2018 година најголем работодавец во регионот е Адиент Сатинг со 2.153 вработени е на 6 место во државата, Амфенол Технолоџи со 1.567 вработени била на 11,  Кит Го со 750 на 37, Булмак со 749 на 39 место, САСА со 659 вработени на 42 место, а Макпрогрес со 605 вработени на 45 место.

Прва во дејноста: Штипска Актива ДОО е прва меѓу најголемите фирми во државата во дејнста производство на фабрикувани производи освен машини и опрема.

Интересен податок: од 17 компании од регионот кои се меѓу 200 најголеми, најуспешни и најбрзорастечки во Македонија, осум се од Штип. Тоа говори дека Штип е најголемиот индустриски центар во регионот.

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе