Штип, 10.01.2019
Кога СДСМ е на власт, платите растат и повеќе пари се враќаат кај граѓаните, во секое семејство. Оваа година ја започнуваме со добри вести за оние кои се грижат за колективното здравје – здравствените работници.
Ова на прес конференција во Штип го соопшти Ана Карпичарова, член на комисијата за здравство при Општинската организација на СДСМ.
Карпичарово уште додаде:
Имено, веќе од наредниот месец СДСМ обезбеди ново зголемување на платите во здравството. Од февруари, платите на лекарите специјалисти се зголемуваат за 25%, за општите лекари за 15%, за медицинските сестри за 10%, а за 5% повисоки плати ќе добиваат здравствените соработници и помошно техничкиот персонал.
Над 18.000 вработени во јавното здравство од следниот месец добиваат значително повисоки плати. Направено е значително зголемување на коефициентот на сложеност, со што се зголемува и додатокот на плата за дежурства. Со бранот на покачувања плати опфатен е и помошно техничкиот персонал.
Споредено само во однос на 2018 година, досега дежурствата во здравството се зголемија за 3 до 4 пати, а од месец февруари ќе бидат зголемени од 4 до 5 пати.
Ако досега само во некои клиники со дежурствата платата на лекарите специјалисти достигнувала 100.000 денари, од февруари на сите клиники платата ќе биде 100.000 денари, а некаде и повисока.
Со тоа, ние од СДСМ го исполнивме нашето ветување за плата од 100.000 денари за лекарите специјалисти. За разлика од криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ вложува во човечкиот капитал и обезбедува подобри услови за работа на здравствените работници и поквалитетна здравствена заштита.
Со СДСМ платите растат многу побрзо, а здравството е на прав пат.
Граѓаните ги препознаваат овие заложби и затоа на 12 април ќе потврдат дека сме на вистинскиот пат.