Штип, 13.01.2019
Околу 25 километри нови експресни патишта и автопати ќе можат да се користат од македонските возачи годинава, доколку се остварат планираните проекти од Годишната програма за работа на Јавното претпријатие за државни патишта.
Пролетва како прва фаза од изградбата на новата патна врска меѓу Штип и Кочани ќе бидат пуштени во употреба 14,3 километри од експресниот пат Штип – Крупиште. Воедно, десетина километри од автопатот Кичево – Охрид годинава треба да бидат отворени за сообраќај, во делот меѓу Врбјани и Охрид.
Според пишувањето на порталот meta.mk меѓу позначајните проекти што треба да продолжат со изведба во следните 12 месеци е и втората фаза од експресниот пат Штип – Кочани (делница Крупиште – Кочани), втората фаза од експресниот пат Градско – Прилеп (делница Градско – Дреново), како и двете фази од експресните патишта Ранковце – Крива Паланка и Штип – Радовиш. Сите овие проекти треба да се пуштат во сообраќај во текот на 2021 година.