ЧЕШИНОВО: Парот штркови пристигнаа во најголемото гнездо во Европа

Чешиново, 13.03.2020

Најголемото штрково гнездо во Европа кое се наоѓа на Задружниот дом во селото Чешиново (некогаш задружен оти сега задруга нема) го дочека парот штркови. Истовремено пристигна и штркот самотник кој си има дом во друго гнездо.

-Белиот штрк е симбол на зачуваните природни станишта, а неговата присутност во нашата средина е потврда и доказ дека живееме во здрава животна средина, рекоа од здружението Оризова братимка од Чешиново, село сред оризните ниви во општина Чечиново-Облешево.

Н.Георгиева

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе