Виница, 17.03.2020
Согласно препораките на Владата, Општина Виница во координација со инспекциските органи и кризниот штаб, денес донесе Одлука , утрешниот пазарен ден во Виница, среда 18 март, да биде отворен само за производителите и трговците со зеленчук, овошје, млечни производи, како и други намирници за прехрана, додека сите останати производи, текстил, обувки, железарија, козметика, украси и се она што не е за прехрана, нема да биде дозволено за продажба.
Оваа мерка следува по низата препораки од Владата за превенција од ширење на корона вирусот, а пред се заради потребата на граѓаните навремено да бидат снабдени со неопходните намирници за прехрана .
Екипи на ЈКП “Солидарност“ ќе извршат преместување на тезгите на одредено препорачано неопходно растојание меѓу продавачите, а до купувачите се апелира на кратко и неопходно задржување на пазарот.
Во текот на утрешниот ден рано наутро, надлежните инспекциски служби ќе го контролираат влезот на градскиот пазар, и ќе дозволат пристап само на производителите и трговците со храна и млечни пропизводи.
Ова Одлука важи за утрешниот пазарен ден, а за следната среда ќе следува дополнителна координација и информација за тезгаџиите. Од општината апелираат дека оваа мерка е неопходна во моментот заради превенција и заштита на локалното население и спречување на ширење на корона вирусот.
М.Мирева