Штип. 09.04.2020
Општина Штип продолжува со превземање на мерки за зголемување на безбедното одвивање на сообраќајот за која цел се поставени 95 пластични флексибилни столбчиња на следните локации:
– крстосница со улиците Борис Крајгер и Анте Банина,
– улица Славчо Стојменски,
– на ул. Васил Главинов во нивото на крстосницата со мостот кај СОУ Славчо Стоименски
– на ул. Генерал Михајло Апостолски во нивото на крстосницата со мостот кај СОУ Славчо Стоименски,
– на тротоарот на ул. Маршал кај излезот од СВР Штип,
– на тротоарот на ул. Маршал Тито од крстосницата со ул. Кирил и Методи до Каменик мост со краток прекин (пред Сава Осигурување и Плоштадот),
– на тротоарот на ул. Ванчо Прке кај Стопанска Банка,
Поставените столбчиња имаат и рефлектирачки карактеристики за зголемување на нивното воочување во ноќни услови.
Општина Штип потенцира дека режимот на сообраќај на крстосницата со улиците Борис Крајгер и Анте Банина е променет, односно ул. Борис Крајгер е со приоритет на движење во однос на ул. Анте Банина или спротивно од претходниот режим на одвивање на сообраќајот.
Апелираме до сите граѓани, а посебно до возачите да ги почитуваат поставените сообраќајни знаци и да се движат на крстосницата со зголемено внимание посебно во период на адаптација на новиот режим.
(и.б.)