Штип, 03.05.2020
Хрватски РТЛ денес објави интересно истражување во однос на корона вирусот и одразот на оваа зараза на земјите од некогашниот источен блок и западниот свет, со посебна анализа на седумте држави осамостоени од поранешна Југославија.
Според оваа телевизија, сите држави, од Македонија до Словенија, се фалеле со своите одлични остварувања во борбата против Ковид – 19.
Телевизијата заклучи дека најточно од се е тоа дека екс Југославија го растури корона вирусот!
Во седумте држави од екс Југославија смртноста од корона вирусот е за 12 пати помала од западните земји, на еден милион жители во бивша Југославија од корона вирусот починале 22 лица, а во западните земји дури 250!
-Бројот на заразени и умрени од Ковид – 19 значително е помал во државите кои некогаш беа на сиромашната, источна страна отколку на богатиот запад. Седумте држави на бивша Југославија имаат за 12 пати помала смртност на еден милион жители од западот.
Во овие држави на еден милион жители просекот на починатите од Ковид – 19 е 22 лица. Во западните земји тој просек е 250 лица!
Експерти кои говореа на оваа тема рекоа дека сиромашниот исток поминува подобро и поради задолжителната вакцинација против туберкулозата, што го покажало тестирањето извршено од американски институт во 170 држави во светот.
Според Еуростат од 7 држави бројот на болнички кревети на 100.000 жители во 6 е поголем во земјите од некогашниот источен блок.