Д-р САШКО НИКОЛОВ: Секој најодговорно да ги почитува мерките за лична заштита

Штип, 08.06.2020

На прес конференција на СДСМ д-р Сашко Николов, интервентен кардиохирург и кандидат за пратеник од третата изборна единица на листата на СДСМ побара секој граѓанин најодговорно да ги почитува мерките за лична заштита.

-Влегуваме во клучниот период во борбата против коронавирусот. Две илјади и дваесетта година ќе ни остане запаметена по најголемото зло кое го снашло човештвото, а тоа е пандемијата која го сопре и стави во карантин целиот свет.

Во нашето секојдневие имаме нов член на општеството, а тоа е вирусот COVID-19, кој е присутен сега, но ќе биде присутен и во периодот кој доаѓа.

Единствениот начин да се заштитиме од овој вирус се мерките на социјална дистанца, носење заштитни маски и дезинфекција на раце и работни површини, мерки кои се донесени од страна на СЗО, а се навремено препорачани од Министерство за здравство, порача Николов.

Нашата иднина и иднината на нашите најмили зависи од нашата општествена одговорност, нашето меѓусебно почитување и социјалната совесност!

Тој потсети дека:

-Имавме период на сoвесно почитување и применување на овие мерки и до тој момент македонските граѓани ја имаа контролата над пандемијата. Мало невнимание, мала дискрепанца од протоколите на Министерство за здравство, вирусот повторно направи нов замав и се најдовме на почетокот од пандемијата.

За наша среќа, овој втор пик на COVID-19, доаѓа во период кога имаме сѐ подолги и повеќе сончеви денови, кои со сигурност ја намалуваат моќноста на вирусот, но со сигурност не ја намалуваат неговата заразност. До овој момент, процентот на заболени од сите заразени е доста помал од претходниот период, укажа д-р Николов.

Тој ги потсети граѓаните на фактот дека се зависи од нас!

-Или сега со почитување и применување на мерките ќе ја вратиме контролата над оваа пандемија или уште долго време ќе се бориме со ризиците кои ги носи овој вирус; ризици врз здравјето на граѓаните, но и ризици врз социо-економскиот живот, кој е круцијален за опстанокот на една држава, напомена тој.

Се зависи од нас!

Или со почитувањето и применувањето на мерките ќе си го вратиме нашиот живот во некоја нова нормала, или ќе продолжиме да живееме во вонредна состојби, полициски час и карантински викенди. Јас сум убеден дека македонскиот народ е доволно силен, сплотен и мудар и како таков, јас сум убеден дека за кратко време ќе излеземе како победници од оваа пандемија.

Да го заштитме нашето здравје, а со тоа да го заштитиме здравјето на нашите најмили.

Замолувам, повикувам и како доктор препорачувам:

1.Социјална дистанца од 1.5 до 2 метри;

2.Носење заштитни маски во затворен простор, но и на отворен кога неможе да се одржи социјалната дистанца;

3.Дезинфекција на рацете и работните површини.

Оваа битка ќе ја добиеме само и само ако доследно и без отстапување ги почитуваме и сoвестно ги применуваме овие нови ритуали во нашиот живот.

Нашата иднина и иднината на нашите најмили зависи од нашата општествена одговорност, нашето меѓусебно почитување и социјалната совестнот

Се зависи од нас!

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе