Штип, 28.07.2020
Општински штаб за заштита и спасувањена Општина Штип, на кој покрај државниот секретар во Министерство за здравство, Владимир Милошев и членот на Комисија за заразни болести, Сузана Маневска присуствуваа и претставници од: Општина Штип, Јавните претпријатија, претставник од ТППЕ Штип, ЦЈЗ Штип, Инфективно одделение при ЈЗУ Клиничка Болница Штип, Здравствен дом Штип, Вишо и Основно јавно обвинителство, АРМ, СВР Штип, Гласен Текстилец, Државен пазарен и трудов инспекторат, на денешната седница донесе шест важни заклучоци во однос на заштитата од корона вирусот.
Еве кои се тие:
- Почитувaње на уредбата за носење на заштитни маски, одржување на дистанца и дезинфицирање на рацете од страна на сите граѓани, правни лица и одговорни во правните лица, согласно законските прописи.
- Да се избегнуваат поголеми собири посебно во затворен простор, поради заштита на здравјето на граѓаните со цел зачувување на нашите здравствени капацитети.
- Сите заразени граѓани да ги почитуваат мерките за изолација и даваат точни информации во анкетните листови со пријавување на сите контакти.
- Препораки до приватниот сектор, да го искористат годишниот одмор, посебно таму кадешто има заразени вработени.
- Задолжително да продолжи да функционира Ковид координатор во сите сектори кадешто има поголема концентрација на луѓе.
- Сите надлежни институции продолжуваат во најтесна комуникација на централно и локално ниво со примена на сите мерки за заштита на граѓаните.
Апелираме до сите сограѓани да ги почитуваат мерките и препораките, затоа што само заеднички можеме да го зачуваме колективното здравје и да излеземе како победници од оваа битка.
Ова се многу важни моменти треба сите да бидеме на ниво на задачата која ни ја носи ова време, да помогнеме на институциите и здравствените работници, со тоа го помагаме и го зајакнуваме целиот систем во борба со овој и со некои идни предизвици.