AТЛЕТИКА: Да, и жените можат

Штип, 16.08.2021

Под мотото „Да… и жените можат!“ Aтлетската федерација на Македонија на Пелистер го организираше семинарот „Жени лидерки“. Овој семинар имаше за цел да покаже и докаже дека спортот, а преку него и атлетиката, има моќ да ја направи родовата еднаквост реалност. се зголемува бројот на жени -атлетичарки

Ана Крстевска, членка на Управниот одбор при АФМ, вели дека главна тема е роовата еднаквост, нешто на што оваа федерација работи постојано. Добро е познато дека на чело на АФМ стои дама, а тоа е Александра Војнеска Зикова.

„Станува збор за семинар кој одработува теми за жената, спортот, лидерството, родовата еднаквост. Ова се теми кои што интензивно се говорат во глобални рамки. 25 учеснички од 16-тина клубови беа дел од овој семинар. Нашиот предизвик го исполнивме, а тоа е да воспоставиме едно вмрежување, еден систем на меѓусебна поддршка со цел да се унапредат жените односно да се зголеми нивната бројка како учеснички во спортот на сите нивоа. Како Федерација ова е наша цел заедно со претседателката Александра Војнеска Зикова која после долги години е прва жена претседателка во Атлетската федерација. Таа е жена која што е визионерка и интензивно работи на инклузивност односно вклопување на жените во спортот на секое ниво, од органите на управување до тренерите и сите жени учеснички како официјални, партиципацијата на жените во спортот“, вели Крстевска.

Семинарот беше организиран од страна на АФМ, а под покровителство на Агенцијата за млади и спорт.

Од источниот регион на семинарото присуствуваше Слободанка Момчилова, наставничка по спорт и спортски активности во средното медицинско училиште „Јане Сандански“ која е и атлетски тренер во атлетскиот клуб „Брегалница“ -Штип.