Беровскиот градоначалник Пекевски се извини за несоодветните пакети со облека  за основци и ги врати таму од кај што биле испратени

Берово, 21.12.2023

Агенцијата за управување со одземен имот на ученици од ООУ „Дедо Иљо Малешевски“-Берово им додели паќети со облека кои, тоа се покажа кога пакетите беа отворени, содржеа несоодветна облека женски џемпери и сини сандалки. Пакетите ургентно се вратени на Агенцијата, а градоначалникот на Берово Звонко Пекевски јавно се извини за ненамерната грешка.

Пекевски изјави:

„Сo Агенцијата за управување со одземен имот, во минатото сме имале одлична соработка, со реализирани голем број донанции, автомобили за институции и други акции, кои ја нашле својата полезност и корисност за којашто биле наменети. Веруваме дека таа соработка и во иднина ќе продолжи. На граѓаните, на кои дел од донираните производи во пакетите им предизвикаа непријатни чувства, им се извинуваме, рече Пекевски.

Извинувањето на Пекевски доаѓа откако во текот на вчерашниот ден беше утврдено дека одреден дел од облеката, која се наоѓаше во донираните пакети е несоодветна за учениците.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе