МОЖЕШЕ ДА УЖИВА И КОНТРОЛОРОТ ЗИСОВСКИ!
Денеска попладне, раководителот за изградба на инфраструктурни објекти во ФФМ, Димитар Зисовски можеше да се запознае со новиот тревнат терен на Градскиоот стадион,но и со сите други убавини . Денеска, во негово присуство , светнаа и 8 –те рефлектори на Стадионот. Копчето беше притиснато на уредите на агрегатот, кој кога ќе нема струја ќе биде на припомош- стадионот да биде под светло околу 10 часови. Од агрегатот излезе црн чад, а потоа светнуваа светилките на рефлекторите. Околу 16 часот се создаде една убава колорит боја на Градскиот стадион. Оваа „операција“ ја следеа неколку присутни од претпријатието кое изврши монтажа на агрегатот, како и претставници од локалната самоуправа, Брегалница, бугарско-израелеската фирма која го реновираше теренот , на чело со најповиканиот да даде мислење за користење на теренот, Димитар Зисовски, одговорен за инфраструктурата при ФФМ и екс генерален секретар на ФФМ.
„Нема што да додадам- се е во најдобар ред. Овој терен е со сите стандарди и на него можат да се играат прволигашки средби. Веројатно, во понеделник, комесарот за натпревари Васко Дојчиновски треба да ги прегледа сите други услови за да може и тој да даде согласност. Со оглед на тоа што и порано на овој стадион се играле прволигашки средби, тоа значи дека нема да има проблеми и тој да даде „зелено светло“. Мора да потсетам, во Македонија се градат 5 вакви фудбалски терени.За сите зааеднички именител е дека локалните самоуправи не ги реализираа своите обврски од договорите што ги потпишаа со ФФМ. Сега нама да се прват проблеми, но и локалната самоуправа во Штип ќе мора да ги забрза активностите за поставување трафостаница, реновирање на соблекувалните и трибините, а една од нив треба да биде покриена. Доколку локалните самоуправи ги реализираат овие работи, тогаш ФФМ ќе може да добие нова донација од Меѓунардната фудбалска асоцијација за изградба нови инфраструкурни објекти. Тогаш, ние ќе можаме да конкурираме за нова донација, само ако овој проект целосно биде завршен….“-ни рече Зисовски.
Дознаваме дека Брегалница ќе бара под итно да бидат купени нови столчиња за трибините -љубителите на фудбалот да можат нормално да ги следат натпреварите.
Во секој случај, во Штип по еднаипол година пауза, пак ќе гледаме прволигашки фудбал на Градскиот стадион. Ако бидат завршени и другите активности од проектот, наскоро во Штип би требало да гледаме и ноќни фудбалски и меѓународни средби на македонската репрезентација.