Четири основни училишта и спортска сала во Кисела Вода, Центар и Могила ќе станат енергетски ефикасни
Четири основни училишта и една спортска сала во Oпштините Кисела Вода, Центар и Могила ќе бидат реконструирани и ќе имплементираат мерки за енергетска ефикасност. Општините ќе добијат средства од Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор и Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка, преку Министерството за финансии.
Општината Кисела Вода ќе изврши реконструкција и ќе спроведе мерки за енергетска ефикасност во ООУ „Рајко Жинзифов“, oпштината Центар на објектот на ООУ „Св. Кирил и Методиј“, првото основно училиште во Македонија, формирано во 1836 година, а oпштина Могила во три објекти, училиштата „Браќа Миладиновци“ во село Добрушево и „Кочо Рацин“ во село Ивањевци и спортската сала „Иљо Лопатички“ во Могила.
„Целта е со имплементација на мерки за енергетска ефикасност и модернизација на јавни објекти, да се придонесе кон намалување на потрошувачката на електрична енергија, како и намалување на емисиите на штетни гасови, посочуваат од Министерството.
За реализацијата на проектите во овие општини се обезбедени 8,2 милиони евра.