Штип, 24.09.2018
На трибина во Штип за придобивките и предизивците предизвикани од европски ориентираното земјоделство, при што посебно се дебатираше за тоа колку македонскиот земјоделец е блиску до нивното користење, беше речено дека ЕУ, за периодот 2021-2017 година издвојува 375 милијарди евра за поддршка и помош и унапредување на земјоделието.
Елизабета Ристеска – Мрческа, како и експерт/советник од областа на земјоделската пракса, им ја доближија на граѓаните Европската Унија и Заедничката Земјоделска Политика, како основна политика на уредување на секторот земјоделство и рурален развој, а за којашто за периодот 2021-2027 година се издвојуваат 375 милијарди евра или 40% од вкупниот буџет на ЕУ, а наши земјоделци кои досега користеле пари од европските фондови и на таков начин го развуивале и напредувале своето земјоделство изнесоа лични примери во оваа насока.
Инаку, со влезот во ЕУ на нашите земјоделски производители им се отвораат големи перспективи преку користење на ЕУ фондовите да го унапредуваат земјоделието, наместо среќата и подобриот живот да го бараат надвор од својата држава, што последниве години е почеста појава.