EУ: Собрани 1,5 милиони денари за помош на Кочани

Над 3.300 учесници во седум градови се обединија во солидарност, собирајќи речиси 1,5 милиони денари донации на настани организирани во текот на месец мај по повод 9 Мај, денот на Европа, информираат од Делегацијата на ЕУ во емјава.

„Одбележувањето на Денот на Европа беше посветено на поддршка на жртвите и повредените од трагедијата во Кочани преку низа активности што ги организираше Делегацијата на ЕУ и мрежата Јуроп хаус. Граѓаните трчаа на хуманитарни трки и учествуваа на аукции со дела на домашни уметници, искажувајќи ја својата хуманост и солидарност како со семејствата на настраданите, така и со целата заедница во градот Кочани. ЕУ со голема посветеност ја продолжува и долгорочната психосоцијална поддршка за погодените од оваа несреќа3, се вели во соопштението од ЕУ.

Во соработка со Шведската Амбасада, најавена е и посета на делегација од шведскиот град Гетеборг, која ќе ги сподели своите искуства за справување со колективна траума по сличната трагедија што се случи во овој град, во 1998 година.

„Од уметници до тркачи, од деца до возрасни, сите беа обединети зад една цел. Поддршката од Европската Унија за Кочани започна веднаш по трагедијата, со активацијата на Механизмот за цивилна заштита, преку кој 115 лица погодени од несреќата беа транспортирани на лекување во земји-членки на ЕУ и партнерски држави. Брзата и координирана реакција уште еднаш ја потврди силната европска солидарност. За многумина, овој брз одговор беше од животна важност. За време на приемот по повод Денот на Европа 2025, на 8 мај, во Музејот на современа уметност – симбол на отпорот и солидарноста на Скопје – во соработка со ДЛУМ беше поставена и уметничка изложба на која домашни уметници несебично донираа свои дела кои беа ставени на продажба со една единствена цел – собирање средства за помош на настраданите од трагедијата во Кочани“, се додава во соопштението.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

Istok Press