Historia magistra vitae est

Пишува: Трајче КАЦАРОВ
Пишува: Трајче КАЦАРОВ

Во 1941 година, германските штуки не го заобиколиле  мојот роден град. Сметан за важен воен центар  во источниот дел на Српската бановина Македонија, се нашол на списокот за бомбардирање. Првата недела од месец  Април, небото над градот било бестро така што можело да се забележи присуството и на најмалата птица, т.е. мушичка, а не пак на  железните страшила со кукасти крстови на кирлијата и на трупот  кои пак и  несносно бучеле. Немало жител на градот што не подлегнал на предизвикот  на небесниот приказ  и звук. Некои ги броеле дотогаш невидените али, некои пак се крстеле и го молеле господ да ги спаси од најлошото, да бидат дарувани со пламени топки од небото. Само џандарот Симо бил на ниво на својата работна задача: Ги смирувал преплашените на добро проверен начин: „Не бојте се децо, то су наши. Неќе вам фалити ни длаке са главе.“

Бил сигурен џандарот Симо во својата проценка се додека челичните птици не почнале да го исфрлаат својот огнен измет. Денес спомен обележјето на ѕидот на Народниот театар, зборува за не малкуте жртвите од бомбардирањето .

Historia magistra vitae est

И покрај тоа што оваа флоскула денес поаѓајќи од договорите за добрососедство што ја потпишаа некои балкански земји, па и нашата,ја губи својата основна функција, некои историски факти што тешко ја напуштаат, или воопшто не ја напуштаат колективната меморија, не нагонуваат безрезервно да и’ веруваме. Па не ретко кога некој ќе извика „Не плашете се деца, тоа се наши, ништо лошо нема да ви се случи ја креваме главта кон небото и гледаме како ѕвездите се претвораат во лакоми црни дупки.

Точно така го нема повеќе Шопов, Конески, Гане, Поповски, Андреевски, Чинго. Останавме сирачиња, никој повеќе не чувствува таткова и мајчина грижа и љубов.

Се палашам, сон не ме фаќа,  дека се настрвени само на нашето парче земја, на нашиот народ. Се плашам  зашто мислам дека ни е дошло вемето да отпатуваме во непознатото без можост за враќање назад.

Се плашам зашто немам кому да му верувам. Повеќе  не се живи оние на чии изјави можевме да им веруваме, чија големина ни гарантираше дека не има толку колку што треба и дека еден ден и ѕвездите ќе го шепотат нашето име. Го нема онега кој предвидуваше дека по татковината ни ќе се шетаат волци во овчи кожи. Го нема онега кој го молеше бога да не чува од накажаните, да ни даде сили ако тие десно фатат ние на лево да тргнеме. Точно така го нема повеќе Шопов, Конески, Гане, Поповски, Андреевски, Чинго. Останавме сирачиња, никој повеќе не чувствува таткова и мајчина грижа и љубов.

Сепак едно нешто ме теши:  Ветрот што постојано дува во мојот град се надевам дека ќе се рашири низ целатани татковина. Еден учен рекол: Ако го нема ветрот пајажината на пајаците ќе го зароби сето небо. Ете кај нас го има.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе