Внукот на Тито (Јосип Броз, легендарен воин, антифашист од Втората светска војна, градител и доживотен претседател на југословенската федерација), правнукот на Трајче Трајчески (легендарното партизанско курирче) и мојата дребност – внукот на Ангеле (заедно со Трајчета), двата главни лика од култниот роман за деца и млади, “Волшебното самарче” на Ванчо Николески, мојот прв, селски, комшија во Црвена Вода, местото каде се изникнати сите нишани на македонската држава и државност. Уште и автор на детската песничка: “Воденичарот дедо Веле”.
Јошка Броз, син на Жарко, од првиот брак на Тито со Русинката Пелагија Бјелосова, замина во вечноста, светол да му е патот. Беше постар две години.
Пред неколку години, дојде во Охрид, како гостин на Зоран Стевоски и во својство на нов (на 75 годишна возраст!) член на охридската младинска бригада “Брег на младоста”.
За вас, пријателите (читателите) одбарaв една досетка, која ќе ви прозвучи актуелно, а и познато: му предложив, да го прошетам до вилата на дедо му, Ј.Б.Тито, во “Горица”.
-Само то не долази у обзир! Они мангупи, нису то изградили за Тита, веќ за себе!!!
А, како, ви се чини!?