Штип, 04.07.2025
Во демократска атмосфера и преку тајно гласање членовите на наставно-научните совети гласаа за избор на декани во своите единици, односно факултети. Од Универзитетот информираа дека се избраа следниве професори за декани на единиците:
🌾Земјоделски факултет – проф. д-р Емилија Арсов
⚡Електротехнички факултет – проф. д-р Тодор Чекеровски
⚗️Технолошко-технички факултет – проф. д-р Соња Јордева
🛠️Машински факултет – проф. д-р Сара Сребренковска
💻Факултет за информатика – проф. д-р Сашо Коцевски
🧪Факултет за природни и технички науки – проф. д-р Ѓорѓи Димов
🩺Факултет за медицински науки – поради изедначеност во гласањето процедурата за избор на овој факултет ќе продолжи по годишните одмори
📊Економски факултет – проф. д-р Марија Гогова-Самоников
⚖️Правен факултет – проф. д-р Билјана Тодорова
📚Филолошки факултет – проф. д-р Луси Караниколова
👩🏫Факултет за образовни науки – проф. д-р Трајче Стојанов
🧳Факултет за туризам и бизнис логистика – проф. д-р Наташа Митева
🎼Музичка академија – проф. д-р Златка Митева
🎨Ликовна академија – проф. д-р Слободан Милошевски
🎬Филмска академија – проф. д-р Адријана Данчевска.
Процедурата за избор продолжува со потврдување на изборот од страна на Универзитетскиот сенат и Ректорската управа, кој ќе се случи следната недела, а примопредавањето на мандатот ќе се случи на 15 септември, до кога и трае мандатот на актуелните декани. Шест декани добија реизбор, а останатите организации избраа нови раководители на институцијата. Постапката за избор на декани ја потврдува посветеноста на УГД на демократските вредности и инклузивност при начинот на носење одлуки.
Од изборот може да се види дека во изборот на деканите доминираат жените со резултат 9:5 во нивна полза.