Jaс, Итар Пејо, нов фестивал на хуморот и сатирата во Битола

Актерите кои го создадоа фестивалот Јас, Итар Пејо

Битола, 14.02.2017

Денес на Меѓународниот Славјански универзитет„Гаврило Романович Державин“ во Битола беше распишан конкурсот за првиот интернационален фестивал на сатирата, хуморот и карикатурата – “Јас, Итар Пејо- 2017“

Како дел од програмата беше отворена изложба со 50 карикатури по повод 50 години творештво на истакнатиот македонски карикатурист Јордан поп Илиев, а настапија и истакнати афористичари, хумористи, сатиричари и карикатуристи.

За идејата за покренување на ваков фестивал зборуваше писателот, Проф-д-р Христо Петрески, директор на Институтот за култура при МСУ, а беседа за Итар Пејо одржа Проф. д-р Васил Тоциновски. За историјатот на хуморот и сатирата во Источна Македонија говореше новинарот Иван Бојаџиски, за улогата и мисијата на сатирата, хуморот и карикатурата во светот беседеше пистаелот м-р Трајче Кацаров, омаж за познатиот сатиричар Софе Штерјовски имаше афористичарот Миле Ѓоргијоски.

Инаку, идејата за овој фестивал дојде од Проф.д-р Јордан Ѓорчев, директор на МСУ, писател и карикатурист кој од  МСУ Свети Николе-Битола создаде култна културна точка во Република Македониа.

Конкурсот за учество на Првиот фестивал на хуморот, сатирата и карикатурата „Јас, Итар Пејо“-Битола за 2017 година ќе биде објавен наскоро, за што Исток прес ќе информира дополнително.