Joрдан КАЦАРСКИ од Виница победник на регионалниот натпревар во билијaрд во Делчево

Делчево, 27.02.2023

332136573_182839184448602_8263876722762386180_nВикендов во Делчево, во организација на билијард клубот Тhe Clab се одржа петтиот по ред регионален натпревар во билијард.

Во натпреварот зедоа учество 11 натпреварувачи од Делчево, Виница и Струмица, а пехарот и наградата од 6.000 денари му пропадна на Јордан Кацарски од Виница.

-Билијард играм над 15 години, почнав во семејната барака во која имавме и билијард, прво на кегли, а потоа на дупки. Сега играм во „Славка бар“ во Виница. Во мојот град има повеќе млади кои играат и оваа игра зема замав. Најважно во оваа игра е концентрацијата и предвидувањето каде, за следниот удар, треба да се позиционира белата-ударна допка. Конкуренцијата беше многу силна, а сакам да кажам дека делчевскиот клуб е извонреден организатор па сум убеден дека овој турнир од година во година ќе расте и ќе има се поголем број натпреварувачи од повеќе градови, ни изјави Кацарски.

333269145_1592938234453612_5257513131870476963_nРегионалниот натпревар во билијард привлече пристоен број гледачи, а учесниците ни рекоа дека на оваа игра со која доминантна е интелигенцијата се „заразуваат“ се поголем број млади и таа има иднина и на овие наши простори.

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе