Јован од Виница кој се појави како светлина и надеж и спаси 21 живот во дискотеката Пулс во Виница дочекан со огромен аплауз од соучениците и професорите

25.03.2025

Дваесеттина млади луѓе кои на 16 овој месец се забавуваа во дискотеката Пулс во Кочани, а која изгоре во стравотниот пожар при што смртно страдаа 59 лица, својот живот му го должат на 19 годишниот гимназијалец Јован Костадинов од Виница. Храброто момче дваесеттина пати влегуваше во дискотеката изнесувајчи од неа деца и младинци кои биле во смртна опасност.

Јован денеска се врати на училиште, а неговите соученици и професорите го дочекаа со громогласен аплауз. Застанати во долга редица од двете страни на влезот во училиштето, другарите и професорите го поздравија херојскиот гест на Јован честитајки му на храброста и одлучноста и по цена на својот да спаси повеќе туги животи.

За подвигот на Јован информираше Јадранка Бреслиева, мајка на едно од децата кое било на забава во дискотеката:

– Со голема благодарност и емотивна почит, би сакал да го споделам херојскиот чин на Јован Костадинов од Виница, кој не само што ги спаси животите на 21 дете во трагичната несреќа во ноќниот клуб во Кочани, туку го спаси и мојот син. Во најтемните моменти на паника и хаос, кога сите беа збунети и во страв, Јован се појави како светлина на надеж. Без да размислува, го зеде мојот син кој беше под рушевините на дискотеката и го носеше на својот грб низ огнот и чадот, се до болницата во Кочани, со цел да го спаси, додека сите наоколу бегаа и се бореа за својот живот, напиша мајката.

Таа јавно порача дека на Јован, му го должи новото утро.

„Ти ја должам, новата насмевка, новата надеж и новиот живот на мојот син. За тебе нема зборови кои можат да го искажат моето благодарност и почит. Благодарност од дното на срцето. Ти ми го даде најголемиот подарок што може да го добие една мајка, го спаси животот на моето дете. Ти ќе останеш засекогаш во моите молитви и во нашите срца, напиша мајката Јадранка Бреслиева.

Следува видео од дочекот на Јован во неговото училиште во Виница.

 

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе