KОЧАНИ: Зголемен е бројот на имотни деликти, земјоделци палат стрништа, енормна е потрошувачката на вода….

Кочани, 12.04.2020

Градоначалникот Николчо Илијев доцна синоќа изврши увид на актуелната викенд-изолација со цел изворно да ја согледа состојбата на теренот и почитувањето на забраната за движење во текот на викендот. Притоа тој и како градоначалник но и како претседател на Општинскиот кризен штаб ги посети и дежурните полициски служби.

Од кочанското Одделение за внатрешни работи информираа дека граѓаните, главно, ја почитуваат мерката за движење, но има и  прекршувања, за што ќе следат санкции. Зголемен е бројот на имотни деликти, а на земјоделските површини е забележано палење на стрништата.

kcc02– На сите граѓани што се придржуваат кон мерките за заштита од ширење на болеста КОВИД-19 им благодарам за одговорноста и придонесот за чување на јавното здравје. Ги повикувам земјоделците да не ги палат остатоците од оризовата слама, да не ја загадуваат животната средина и со палењето да не ја усложнуваат и онака комплицираната состојба – повика Илијев.

Увидот на градоначалникот Илијев на терен покажа дека граѓаните главно ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот но има и несакани појави…

Градоначалникот ја нагласи и критичната состојба во која се доведува испораката на водата за пиење од системот за водоснабдување.

– КЈП „Водовод“ испорачува вода за пиење, а не техничка вода. Викендов е регистирана енормна потрошувачка на водата од Градскиот водовод за наводнување тревници, миење дворови и за други намени. Затоа апелирам таа да се користи рационално за да се избегнат рестрикциите во оваа вонредна состојба – истакна градоначалникот.

Илијев повика сите граѓани да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот и да се однесуваат одговорно.

Љ.Ајтовска

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе