Kратовски одговор на состојби во ОК на ВМРО ДПМНЕ

Кратово, 12.03.2017

  • Кој бил пијан, кој кого нападнал, кој бришел документација од партискиот компјутер…по овие прашање се препираат видни кратовски вмровци

Пред неколку денови објавивме непотпишан текст од граѓанин на Кратово кој критикуваше некои состојби во неговата партија ВМРО ДПМНЕ. Авторот, чие име ни е познато, го обвини Горан Ристовски, лидер на кратовските вмровци зa осветољубиво однесување кон истакнати сопартијци.

Исток прес денес доби реакција на оваа објава, која е потпишана од членови на ВМРО ДПМНЕ од Кратово но кои, исто така бараат нивните имиња да останат познати само за нашиот портал. Покрај имињата доставени ни се и нивните телефонски броеви.

Еве што стои во овој допис.

-Исклучително го цениме вашиот портал, и сме сосема сигурни дека ќе го објавите овој текст во врска со написот против претседателот Горан Ристовски. Сакаме да потенцираме дека откако беше сменет Игор Смиљковски од претседател и на тоа место беше поставен Горан Ристовски, веднаш почнаа измислените обвинувања против Ристовски и пишувања по разни портали без никакви аргументи.Тие не можат да го поднесат поставувањето на новиот претседател бидејки се научени цело време тие да бидат во врвот на партијата на локално ниво. Тројцата спомнати во дописот кој го објавивте беа во алкохолизирана сотојба кога го нападнаа претседателот Ристовски.

Откако претседателот на ВМРО ДПМНЕ се повлече од ситуацијата беше избегнат поголем инцидент. Бидејки во Кратово се слави Тодорова сабота, овие тројца цел ден биле видени како пијат алкохол на плоштадот во Кратово, поранешниот претседател Игор Смиљковски е познат алкохоличар кој во алкохолизирана состојба држеше состаноци,и на турнирот Св. Ѓорги Кратовски во мал фудбал во спортската сала премногу пијан паѓал од трибините и фрлал со лименки пиво кон судијата по што морало да дојде до прекин на финалето. Предходниот технички секретар Виктор Донев ги избришал сите документи од партискиот компјутер што претставува кривично дело и во саботата бил пијан и спиел на масата, исто така во алкохолизирана состојба бил и Јован Петров кој бил и агресивен.

Тоа се луге болни за власт не можејки да го поднесат успехот на некој друг.

Со почит, членови на ВМРО ДПМНЕ од Кратово.  (Имињата познати на редакцијата).

 

 

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе