KOЧАНИ: Објавена продажба на седум парцели државно градежно земјиште

Кочани, 08.07.2021

Општина Кочани ја распиша 35. објава за отуѓување градежно земјиште во државна сопственост, со која се ставени на продажбa седум градежни парцели, од кои две со намена големи трговски единици, една за колективно и четири парцели за индивидуално  домување.

Од парцелите за индивидуално домување три се наоѓаат на улицата  „Вера Которка“, а една во Прокарка, со површини од 714 до 455 квадратни метри.

Парцелите за големи трговски единици се наоѓаат во месноста Прокарка и се со површина од 2631 и 2023 квадратни метри.

Градежната парцела за колективно домување наменета за продажба е со површина од 572 квадратни метри и се наоѓа на улицата „Вера Которка“.

Рокот за пријавување за учество во електронското јавно наддавање за градежните парцели за индивидуално домување е до 27 јули 2021 г., а јавното наддавање ќе се одржи на 29 јули. За парцелите со намена за колективно домување и големи трговски единици рокот за пријавување е до 9 август 2021 г., а јавното наддавање е на 11 август.

Почетната цена за парцелите за индивидуално домување е 61 денар за метар квадратен, за колективно домување е 1 200 денари и за големите трговски единици е 1 800 ден.

Целосната објава за продажба на градежно земјиште во државна сопственост е поставена на огласната табла во дворот на општинската зграда и е објавена на веб-страницата на Општина Кочани, www.kocani.gov.mk