Кочани, 09.04.2020
Дефект на главниот цевковод од системот за водоснабдување во Кочани го остави градот и сите водокорисници без вода за пиење.
Претпладнево службите од Комуналното јавно претпријатие „Водовод“ го лоцираа дефектот на главната водоводна мрежа од системот за водоснабдување во Кочани.
– Се работи за дефект на главниот потисен цевковод, на потегот меѓу Грдовски Орман и селото Прибачево, на полска површина. Оперативните служби и механизацијата се веќе на терен, водата од системот е сопрена, така што во наредните часови ќе има прекин кај сите корисници на водата од системот за водоснабдување во Кочани – соопшти Андреј Киров, директор на КЈП „Водовод“.
Времетраењето на прекинот на водоснабдувањето ќе биде утврден според сложеноста на дефектот. Одговорните служби најавија максимална посветеност за што поскоро отстранување на дефектот, а КЈП „Водовод“ упати извинување до граѓаните на Кочани и повика на трпение и смиреност.
Љ. Ајтовска