КОЧАНИ: Повик да се платат даноците за да не се посегнува по блокирање на сметките

Кочани, 19.07.2023

Општина Кочани упати јавен повик до правните и физичките лица – даночни обврзници, да си ги платат заостанатите, а доспеани даночни обврски по основ на данок на имот и комунални такси.

За неплатени обврски за комунална такса до 2022 година, Општина Кочани има законска обврска да ги блокира сметките.

Поради неподмирен даночен долг, обврзниците ќе бидат изложени на трошоци за присилна наплата и камата сметана во износ од 0,01 % од главниот долг за секој ден задоцнување.

Инаку, во 2023 г. со решенија за данок на имот се задолжени 13.080 даночни обврзници. Висината на облогот изнесува 15.000.000 денари, од кои до 30 јуни 2023 година се наплатени половина, односно 7.657.703 денари.

Во општина Кочани со решенија за данок на имот на правни лица во 2023 година се задолжени 275 даночни обврзници. Облогот е 5.519.400 денари, а наплатата во првото полугодие е околу 60 проценти и изнесува 3.040.915 денари.

Во 2023 година со решенија за комунална такса-фирмарина се задолжени 1748 обврзници. Облогот е  7.642.500 денари, од кои се наплатени 4.089.142 денари.

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе