М.КАМЕНИЦА-ДЕЛЧЕВО: Два града со два преубави културни настани во четврток кои привлекуваат внимание

Делчево, 19.12.2023

Жителите на рударска Македонска Каменица и на Делчево кои ја сакаат културата и уметноста во четврток (21 о.м.) ќе имаат можност за посебно уживање на два одвоени културни настани.

Прво, во 13 часот, во КИЦ „Романса“ во Македонска Каменица, поетот-рудар во рудникот Саса Златко Стоименов ќе има промоција на неговата трета по ред поетска книга, овојпат за деца, под наслов „Животинско царство“. Организатор е КИЦ „Романса“ која еи  финансиски поддржувач на најновата книга на Стоименов кој пак неодамна, на убава свеченост во рударскиот град, беше награден со признанието „Рудар уметник“ кое му го додели Меѓународниот фестивал „Јаков од Камена Река“.

Промотор на книгата ќе биде писателот и сатириричар Миле Ѓорѓијоски.

Вечерта истиот ден, во Делчево, во организација на НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ ќе има промоција на две книги од писателот и новинар Љупчо Јолевски. Се работи за книгите „Радио“ и „Неправилен ритам“, а настанот е закажан за 18 часот во Мултикултурниот центар.

Гости на промоцијата кои ќе говорат за книгите на Јолевски ќе бидат писателот Горан Трајковски, ликовниот уметник Дејан Спасоевиќ и артистката Добрила Грашевска.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе