Мајка го оставила бебето само во количка, минувачи пријавиле на полицијата

Набргу полициски службеници од СВР Скопје ја пронашле мајката М.С.(19) од Скопје и ја лишиле од слобода

Полицијата во Скопје имала невообичаена интервенција вчера, откако минувачи пријавиле дека е откриена количка со бебе во неа, покрај која немало никој.

Како што соопшти МВР, во 14:40 часот била примена пријава дека на подрачје на Карпош била пронајдена бебешка количка во која имало бебе и на која имало оставено телефонски контакт и медицински извештаи на мајката.

Набргу полициски службеници од СВР Скопје ја пронашле мајката М.С.(19) од Скопје и ја лишиле од слобода.

По целосно расчистување и документирање на случајот против неа ќе следуваат соодветни пријави, соопшти МВР.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе