МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА: Доделени признанијата во рамките на фестивалот „Јаков од Камена Река“

Македонска Каменица, 15.12.2023

Синоќа, во КИЦ „Романска“ во Македонска Каменица, се одржа првиот фестивал во чест на Јаков од Камена река. Јаков бил македонски свештеник и писател кој живеел во 16-тиот век. Тој е роден во Камена Река, (денешна Македонска Каменица).  Во 1566 година ја напишал книгата Часослов.

Од отворањето на изложбата на карикатури на проф.д-р Јордан Ѓорчев. Од лево на десно: промоторот Трајчев, Ѓорчев, директорот на фестивалот Ѓорѓијоски и проф.д-р. Орце Симов

 

Во негова чест Здружението на граѓани „Надеж – Норе“ го организира првиот фестивал на кој за настанот зборуваа Влатко Ситновски, претседател на Здружението „Надеж – Норе“ и Миле Ѓорѓијоски, директор на фестивалот.

Влатко Ситновски
Влатко Ситновски

 

„Долго време истражувавме на темата Јаков од Камена Река, првиот македонски печатар, за годинава да успееме да ги склопиме сите коцки и успешно да го реализираме фестивалот. Ветуваме дека од година во години тој ќе расте и ќе биде еден од заштитните белези на нашата убава Македонска Каменица“, рече Ситновски.

Настап на КУД „Вера Јоциќ“
Настап на КУД „Вера Јоциќ“

 

Преку денот во ООУ „Св.Кирил и Методиј“ се оддржа натпревар по краснопис во кој учество зедоа ученици од Македонска Каменица, Берово, Пехчево, Делчево, Виница и Блатец, а беа доделени и наградите за најдобите ликовни и литературни дела по распишаниот конкурс.

Директорот на фестивалот Миле Ѓорѓијоскои истакна: „Чекавме да поминат 500 години од моментот кога Јаков од Камена Река на кирилично писмо го напишал својот Часослов за ние денес да му оддадеме почит како на првиот македонски печатар. Се надевам дека фестивалот ќе трае најмалку во идните 500 години за на вистински начин да му се оддолжиме на човекот од Камена Рсека, денешна Македонска Каменица, и на неговото големо дело“, порача Ѓорѓијоски.

На 16 институции и поединци кои со својата посветена работа дале придонес за афирмација на Општина Македонска Каменица, меѓу кои научни институции, учители, професори, културни дејци, писатели, општествени работници и новинари им беа доделени соодветни признанија.

Со бурен аплауз беше поздравен и преубавиот настап на КУД „Вера Јоциќ“ од Македонска Каменица кој настапи со сплет од македонски ора.

Целиот настан одлично го водеше Ана Михаиловска,.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе