Македонска Каменица : Ја запалил куќата, се запалил и самиот па скокнал во базен и починал

М.Каменица, 07.02.2024

Во селото Косевица, месност Реката во општина  Македонска Каменица, сопственикот намерно ја запалил својата куќа, но пламенот го зафтил и него, па со цел да се спаси скокнал во базенот во дворот на куќата и загинал.

Пожарникарите од Територијалната противпожарна единица Македонска Каменица денеска во периодот од 07.20 часот до 10.35 часот интервенирале на гаснење на пожарот со две протипожарни возила но и покрај нивниот напор материјалната штета била голема.

Од регионалниот ЦУК Штип соопштија дека причина за пожарот е намерно палење на куќата од страна на жртвата, што била во негова сопственост.

Според првичните информации од терен, жртвата по палењето на куќата, и самата зафатена од пожарот се фрлила во базен во којшто и починала. Точната причина за смртта ќе се знае по истрагата. Моментално, на лице место, се врши увид од страна на надлежни органи и институции, рекоа од ЦУК.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе