МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА утре го чествува ликот и делото на првиот македонски печатар Јаков од Камена Река

Македонска Каменица, 13.12.2023

Утре, 14.декември 2023 година во Македонска Каменица ќе се одржи Меѓународниот фестивал „Јаков од Камена Река“. Тоа ќе биде една убава манифестација со која рударскиот град, за првпат во својата историја, ќе го чествува ликот и делото на  Јаков од Камена Река, денешна Македонска Каменица.

Јаков бил македонски свештеник и писател кој живеел во 16-тиот век. Тој е роден во Камена Река, (денешна Македонска Каменица).  Во 1566 година ја напишал книгата Часослов. Она што е импресивно и важно за оваа книга е опис на неговото родно место и неговата татковина – Македонија. Тој напиша:

„Роден сум во Камена Река, во близина на големите Осоговски Планини… Моето почитувано свештеничко семејство на оваа дрвна земја живее долго време…

…Ја оставив Македонија, мојата татковина зад мене и дојдов во Венеција…“

Јаков бил македонски свештеник и писател кој живеел во 16-тиот век. Тој е роден во Камена Река, (денешна Македонска Каменица).  Во 1566 година ја напишал книгата Часослов. Она што е импресивно и важно за оваа книга е опис на неговото родно место и неговата татковина – Македонија.

Јаков е првиот македонски печатар кој потекнувал од свештеничко семејство. Во обновената печатница на Божидар Вуковиќ во Венеција отпечатил часослов на црковнословенски јазик во 1566 година, украсени со илустрации, знаменца и вињети. Од предговорот на испечатениот „Часолов“ во Венеција кој дури кон средината на 20 век беше пронајден во едно охридско семејство кое со години го чувало во семејството како посебна и драгоцена реликвија.

Меѓународниот фестивал во чест на Јаков го организира Здружение на граѓани „Надеж-Норе“ од Македонска Каменица.

Денот ќе биде исполнет со повеќе активности. Настаните ќе започнат точно на пладне (12.00 часот) со натпревар по краснопис во кој  учество ќе земат ученици од основните училишта од Македонска Каменица, Делчево, Берово, Пехчево, Виница и Блатец. Натпреварот ќе се одржи во просториите на ООУ „Св. Кирил и Методи“ во Македонска Каменица.

Во 14,00 ќе бидат доделени награди за најдобрите во натпреварот за краснопис  и за конкурсите за литература и ликовни цртежи. Од страна на гостите Ласко Џуровски, типограф и Никола Симовски, графички дизајнер, учениците ќе бидат запознаени со убавините на македонското кирилично писмо, тајните на графичкиот дизајн и илустрации, а истите ќе бидат и дел од жирито при отценување на трудовите.

Во 17.00 часот започнува главниот дел со отворање на изложбата на на карикатури на проф.д-р Јордан Ѓорчев,  во  фоајето на КИЦ „Романса“. Во 17.30 од страна на Епископот Делчевско-каменички г.Марко, ќе се отвори уште една изложба и тоа на одбрани страници од  „Часословот“ на Јаков од Камена Река, отпечатен во 1566 година во Венеција.

Во 18.00 часот ќе започне свечената академија на која на годинешните добитници ќе им бидат доделени признанијата и благодарници. На свеченоста со своја програма ќе настапи и КУД„ Вера Јоциќ“ од Македонска Каменица.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе