МИЛОШЕВ И БОЧВАРСКИ: ЌЕ ГИ ОСЛОБОДИМЕ МЕДИУМИТЕ ОД ПАРТИСКИТЕ СТЕГИ

 

Штип, 21.11.2016

Денес е светскиот ден на телевизијата, а по тој повод Владимир Милошев и Благој Бочварски, кандидати за пратеници од здружената опозиција на чело со СДСМ одржаа брифинг со новинарите.

Mилошев-Бочварски
Mилошев-Бочварски

„Денес е почетокот на изборната кампања и е светски ден на телевизиите, а ние сакаме да им го честитаме празникот на сите вработени во овие медиуми. Сегашните анализи покажуваат дека медиумскиот систем во Македонија е силно руиниран, власта вложува огромни средства во корумпирање на комерцијалните медиуми, на тој начин ја купува и ја силува вистината без која ниту едно општество не може да оди напред. Социјалдемократскиот сојуз и здружената опозиција во својата програма и политичка понуда има квалитетни мерки за подобрување на состојбата во медиумите кои ќе ги ослободиме од секакви политички влијание и ќе им ја вратиме слободата“, реч Милошев.

Според него, на овие пресудни за Македонија избори, гласачите мора да го остварат правото да гласаат зашто на тој начин учествуваат во креирањето на новиот лик на Македонија како нормална и уредена држава.

Благој Бочварски потенцира дека Македонија е исправена пред најважните избори во нејзините 25 години самостојност. –„Граѓаните имаат право да живеат во една модерна, нормална држава и во уредено општество. Да го остварат уставното право на работа но и на плата од која пристојно ќе може да се живее. Ги повикуваме сите полнолетни граѓани да излезат на избирачките места, а како СДСМ ветуваме дека се што е до нас ќе направиме Македонија да има слободни и фер избори за по победата на Здружената опозиција да станеме дел од развиеното европско семејство на народи“, рече Бочварски.

 

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе