Мира Симоновски од Делчево на 74 години го искачи врвот Ухуру на Килимаџаро

Делчево, 03.03.2024

Мира Симоновски од Делчево, на 74 години направи нов подвиг искачувајки го врвот Ухуру на Килиманџаро, највисокиот планински масив во Африка.

Симоновски е дел од експедицијата на Клубот за планински спортови АЗОТ кој деновиве организираше високогорска акција по Килиманџаро.

-Мира Симоновски, 74 годишна планинарка од Делчево се искачи на покривот на Африка, освојувајки го врвот Ухуру на 5.895 метри надморска височина. Секоја чест за Симоновски, се вели во честитката од КПС АЗОТ.

Ова е втор врв кој Мира Симоновски го има искачено по навлегувањето од осмата деценија од својот живот. Претходно во 2020 година, со наполнети 70 години на врвот Арарат ја достигна висината од 5137 метри.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе