Невреме во Кочани, настрада кровови и телекомуникациската мрежа

Силен ветер и пороен дожд искорнаа дрвја во Кочани

Кочани, 01.07.2023

Нешто после 18 часот Кочнани и општината го зафати силно неврем со грмотевици, силен ветер и пороен дожд. Невремето предизвика штети на кровни конструкции и телекомуникациската мрежа преку турнати столбови на кабелски оператори. На повеќе места во градот силното невреме искрши стебла што предизвика пречки во нормалното одвивање на сообраќајот.

На магистралниот патен правец Кочани – Штип, во близина на споменикот на Никола Карев кај Тркање, на повеќе места има откорнати дрвја што се најдоа на коловозот. Слично е и на улиците „Никола Карев“, „Скопска“, „Тодосија Паунов“ во Кочани каде интервенираат екипи на Територијалната противпожарна единица.

Според информациите од дежурните служби, во неколку населби во градот има штети на кровови на помошни објекти, а дошло и до краткотраен прекин во напојувањето со електрична енергија.

На повеќето сообраќајници во Кочани сѐ уште има остатоци од искршени гранки и други предмети, а интервентни екипи работат на оспособување на телекомуникациската мрежа и на расчистување на последиците од невремето.

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе