Нови донации од Фондација САСА за локалната заедница

М.Каменица, 01.12.2023

Во рамки на својата континуирана поддршка на локалната заедница, Рудник САСА преку својата Фондација за одржлив развој, реализираше донации во три области кои се идентификувани како особено значајни за животот и просперитетот на целата заедница.

Првата донација придонесува за животната средина и се состои од различни видови листопадни и зимзелени дрва кои ќе бидат засадени на осум локации ширум Македонска Каменица. Изборот на точните локации, подготовката на теренот и засадувањето на дрвата ќе го извршат екипите од јавното комунално претпријатие „Камена река“. Ова не е прва донација во областа на заштитата на животната средина. Рудникот САСА и Фондацијата САСА континуирано инвестираат во пошумување на територијата на општина Македонска Каменица.

Исто така, донирани се книги кои ќе придонесат за збогатување на книжевниот фонд на градската библиотека „Крсте Петков Мисирков“ во Македонска Каменица. Најновата донација од Рудник САСА и Фондација САСА се состои од нови книги со кои вкупниот книжевен фонд во оваа библиотека ќе надмине над 14.000 изданија, наменети за читателите од сите возрасти.

Третата донација е во областа на заштитата и афирмацијата на културното наследство. За таа цел, Фондацијата САСА обезбеди нови комплети машки и женски народни носии за членовите на културно-уметничко друштво „Вера Јоциќ“ од Македонска Каменица.

Рудникот САСА, преку својата Фондација и понатаму ќе продолжи да вложува во различни области кои се значајни за локалната заедница и го унапредуваат квалитетот на животот на луѓето.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе