Новиот грузиски претседател положи заклетва, претходничката не го признава

Контроверзниот про-руски политичар и поранешен фудбалер Михаил Кавелашвили денес ја презеде претседателската функција во Грузија, но неговата претходничка Саломе Зурабишвили не го признава. Дополнително, илјадници демонстранти излегоа на улиците на Тбилиси за да го искажат своето незадоволство, пренесува Би-би-си.

Кавелашвили ја презема претседателската функција во критичен период во современата историја на Грузија – таа тукушто ја суспендираше својата апликација за членство во Европската Унија. Повеќето Грузијци го поддржуваат членството во ЕУ, што воедно е и дел тоа е дел од уставот.

„Грузиски сон“, партијата на Кавелашвили, победи на парламентарните избори во октомври, но многумина сметаа дека тие беа неправедни и нелегитимни. Оттогаш редовно има протести во државата.

Зурабишвили одбива да отстапи од претседателската функција, велејќи дека таа единствениот легитимен претседател. Сепак, таа рече дека ќе ја напушти претседателската палата.

„Оваа зграда беше симбол само додека во неа имаше легитимен претседател“, рече таа.

Кавелашвили положи заклетва во грузискиот парламент, придружен од неговото семејство и од грузискиот премиер Иракли Кобахиџе. Во својот говор, тој ги истакна „традициите, вредностите, националниот идентитет“ на Грузија, како и важноста на семејството и верата.

„Нашата историја јасно покажува дека, по безброј борби за одбрана на нашата татковина и традиции, мирот отсекогаш бил една од главните цели и вредности за грузискиот народ“, рече тој.

Останатите опозициски блокови во државата се противат на Кавелашвили и го бојкотираа парламентот.

Партијата „Грузиски сон“ стана сè поавторитарна во изминатите неколку години. Таа донесе неколку закони во „руски стил“, со кои се ограничува слободата на медиумите и невладините групи кои добиваат странски средства. Дополнително, се изгласаа неколку закони кои ги таргетриаа правата на членовите на ЛГБТ+ заедницата. Грузија исто така одби да се приклучи на западните санкции кон Русија по инвазијата на Украина.

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе