Реакција по повод текстот на Партијата на обединети пензионери, објавен на ИСТОКПРЕС – 22 јуни 2017 година.

Реакција по повод текстот на Партијата на обединети пензионери, објавен на ИСТОКПРЕС – 22 јуни 2017 година.

Во врска со текстот насловен како „Реакција на Партијата на обединети пензионери“ истакнуваме дека клеветите против СЗПМ и Претседателот изнесени во споменатиот текст во целост ги отфрламе како невистинити, неосновани и тендециозни.

Согласно прописите, во рок од 48 часа бараме да се извините и ја повлечете памфлет-информацијата со увредлива, тенденциозна и со содржина на клевета.

Доколку во наведениот рок не ја повлечете памфлет-информацијата ќе побараме одговорност, односно ќе поднесеме тужба до надлежен суд.

Подолго време, имено од формирањето на Партијата на обединети пензионери, перманентно се вршат груби и неосновани напади врз Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија.

Атакот од политичка партија, врз граѓанска асоцијација, која непрекинато опстојува и се надоградува во македонската држава од седум децении, претставува ирационално и погрешно мешање на партиската во работата на граѓанско, непартиско, невладино и мултиетничко здружение во кое преку 250.000 илјади пензионери доброволно се вклучиле.

Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија и здруженијата на пензионери во согласност со Законот за здруженија и фондации, Законот за пензиско и инвалидско осигурување и својот Статут, своето функционирање и остварување на богатите програмски активности финансиски го покрива преку доброволното издвојување на членарина во скромен износ, како и доброволно издвојување за Солидарен фонд од кој редовно се покриваат погребалните трошоци на покојниот пензионер.

СЗПМ преку своите органи и работни тела редовно ги следи сите овие ирационалности и досега повремено реагираше.

Крајно време е да се престане со сите измислени и инсинуирани напади врз Сојузот и здруженијата. Оставете за тоа да одлучат самите пензионери преку своите раководни структури ширум Републиката.

Конечно анализирајќи ги сите тие неоснованости, Сојузот заклучи дека во најскоро време ќе побара по редовна судска процедура да се утврдат вистините на атакувањето и дефинитивно да се казнат авторите на ваквото непримерно мешање на Партијата на обединети пензионери и граѓани на Македонија во работата на  една успешна граѓанска асоцијација.

Во име на раководниот тим на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија  претседател   Драги Аргировски

Oдговор на Исток прес

На барање на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија го објавуваме нивниот демант на соопштение кое Исток прес го има добиено од Партијата наобединети пензионери и грагани на Македонија.

Со оглед на фактот дека соопштението на ПОПГМ во однос на за СЗПМ „спорниот“ текст е добиено од самата Партија на обединети пензионери и граѓани на Македонија, односно дека не е редакциско-новинарски текст немаме ниту законска ниту било каква друга обврска за негово повлекување.

Го упатуваме раководниот тим на СЗПМ за предметниот текст-соопштение повлекување да побара од адресантот на соопштението на кое се однесува реакција на СЗПМ… Исток прес е отворен за соопштенија на партии, граѓански здруженија, невладини организации но е отворен и за реакции во однос на такквите соопштенија.

Како што го правиме и во овој случај.

                                                            Со почит Исток Прес, гл.уредник Иван Бојаџиски