ОЈО: Градоначалничката треба да соработува со јавното обвинителство и да посочи за кои парцели и згради се откриени сомненија за незаконитости
Основното јавно обвинителство Скопје испрати јасна порака до градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска коишто гласат дека доколку градоначалничката како службено лице има сознанија за кривично дело, таа има обврска и должност тоа да го дело да го пријави.
„Градоначалничката треба да соработува со јавното обвинителство и да посочи кај кои конкретни парцели или згради се откриени сомненија за незаконитости. Тоа е неопходно за да може да постапува обвинителството и да спречи евентуално компромитирање на доказниот материјал.“
Од ОЈО информираат дека во однос на заканите, Министерството за внатрешни работи е орган директно надлежен за заштита на животот на граѓаните, како и за откривање и спречување на тие што го загрозуваат.
„Основното јавно обвинителство Скопје е на располагање преку дежурен јавен обвинител, веднаш без одлагање, доколку сака градоначалничката, да ја сослуша за сите сомненија, сознанија и закани и да ги провери сите околности.“