По долго време во Штип се организира меѓународен  шаховски турнир „Штип-Опен 2024“

Штип, 12.01.2024

Повеќе години Штип беше престолнина на шахот кога во овој регионален центар се одржуваше интернационалниот шаховски турнир „8 Номеври“ на кој учествуваа и дел од најголемите шаховски имиња во светот. Организатор беше шаховскиот клуб „Напредок“.

По долго време шаховскиот клуб „Нов Напредок“ месецов организира Прв меѓународен турнир во забрзан шах „Штип – Опен 2024“.

До овој ден се пријавени вкупно 104 шахисти, помеѓу кои 9 велемајстори, 9 интернационални мајстори и 10 ФИДЕ мајстори.

Од Република Србија, се пријавени следните велемајстори: Перуновиќ Милош, Иванишевиќ Иван, Тиличев Вјачеслав, Миљковиќ Мирослав, Млановиќ Данило, Тодоровиќ Горан.Колку за потсетување репрезентацијата на Р. Србија, во 2023 г.  постигна голем успех, екипно станаа европски шампиони во шах.

Од Република Бугарија на турнирот учеството го пријави велемајсторот Дренчев Петар.

Од РС Македонија, досега се пријавени 2 велемајстори: Јакимовиќ Драгољуб и Станојоски Звонко и пет интернационални мајстори, Стојановски Дејан,  Панчевски Филип, Николовски Никола,  Лазов Тони, Стаменков Ванчо.

Помеѓу претставниците од нашиот град, највисоко рангирани според рејтинг листата на ФИДЕ, се мајсторските кандидати Кукутанов Горги и Бујуклиев Никола.                                    Составот на турнирот е импресивен, љубителите на шахот можат да очекуваат многу интересни и возбудливи шаховски дуели.

Поединостите околу турнирот се следниве:

 

 

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе