Полициски службеници од Хеликоптерската единица при МВР, денеска извеле успешна спасувачка акција на падините на планината Јабланица, кај струшкиот регион, информира Министерството за внатрешни работи.
По добиено барање за помош, тим од Хеликоптерската единица при МВР заедно со припадници на САЕ „Тигар“ веднаш се упатиле кон теренот со хеликоптер, каде било лоцирано повредено лице на непристапна планинска локација.
По пристигнувањето, лицето било прецизно лоцирано и безбедно евакуирано, а потоа транспортирано до Меѓународниот аеродром „Св. апостол Павле“ во Охрид. Таму го презела екипа од Итната медицинска помош, која го пренела на понатамошно лекарско лекување.