Quehenberger Logistics и Marquardt Macedonia добитници на бизнис наградите  за успешна соработката помеѓу Македонија и Германија

Штип, 18.06.2025

Компаниите Квенбергер Логистик Македонија со седиште во Штип и Маккарт со седиште во Велес добија признанија за 2025 година за нивните извонредни постигнувања и придонес во зајакнување на економската соработка помеѓу Германија и Северна Македонија..

Признанијата на овие компании им беа врачени за време на првиот Македонско-Германскиот бизнис самит оддржан во нашата земја (во Скопје), а на кој самит, покрај 350 бизнисмени од двете пријателски држави, присуствуваше и со посебен говор се обрати премиерот  Христијан Мицковски кој говореше за важноста на развојот на бизнис соработката помеѓу двете држави.

Во образложението беше речено дека во категорија мали и средни претпријатија Quehenberger Logistics го добива признанието за нивните извонредни логистички решенија, оперативна извонредност и долгорочна посветеност.

Во категорија големи претпријатија Marquardt Macedonia е наградена за нивната  иновација, одржлив развој и висококвалитетно инженерство кое постојано ги поставува стандардите повисоко.

Беше напоменато дека овие компании го претставуваат духот на германско-македонската соработка и го трасираат патот за иднината на бизнисот во регионот.

На самитот посебен акцент беше даден на соработката во сверата на автомобилската и останата технолошка индустрија со примена на дигитализација, роботизација и вештачка интелигенција.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

Istok Press