(Сите чекориме под некоја “новосадска натсрешница!”, покрај некоја “угостителска штала”)!?
Хотелот “Палас” во Охрид, во поранешната, заедничка, југословенска федерација, беше симболот на македонското угостителство и туризам, еден од најубавите и најголемите објекти во цела Југославија. Тука доагаше и тогашниот лидер, претседателот Ј.Б.Тито.
Потоа, се осамостоивме, се приватизиравме, односно, се КРИМИНИЛИЗИРАВМЕ до коска, дојдода некои нови скакулци, до коска ја изглодаа државата, со се што беше вредно.
Од фотографијата што ја објавувам, ќе заклучите, дека, сега и ќе не убиваат со нивната алчност, неодговорност, нечовечност…
Хотелот го затворија, не ја извршуваат дејноста за која, демек, го купиле, затворија десетици и десетици работни места, изгубени се стоитици и стотици милиони евра.
Се што имаше од угостителска опрема распродадоја, го откорнаја и системот за парно затоплување, во одржувањето на објектот “вложувгаат!” толку многу, што од зидовите на фасадата никнат дрвја!!! Ова, во буквална смисла! На само десетина метри од езерото!
И глава нека кршат со тоа, ама само што не ни ги скршиле нашите глави, главите на нашите деца, на нашите пријатели, гостите на Охрид.
Наспроти оваа грдотија, со години, функционира забавен парк со риквизити. Се собираат деца со родители, стотици во ист момент. Токму под оваа “новосодска натсрешница!”, поставуваа и тоалет, им го покажуваат правецот, каде, да не даде Господ, би настрадале!
По тротоарот минуваат мајки со детски колички, по целата должина е паркинг простор за возила. И сето тоа, не е ниту за по социјалните мрежи, освен, евентуално во рубриките: “Верувале, или не”!?
Гомила одвоени цигли, малтер и што уште не, лебдат, висат над главите на минувачите!!!
РЕАГИРАЈТЕ, ИНТЕРВЕНИРАЈТЕ ДОДЕКА НЕ Е ДОЦНА!
Сите што имате надлежност и чувствувате одговорност.
Не очекувајте, сопствениците на објектот да реагираат.
Тие тука не минуваат, не забележуваат, тие сега НЕ СЕ НИТ ОВДЕ, НИТ ОД ОВДЕ!!!???