Реконструирани 24 километри пат од Охрид до Свети Наум

Денеска во Охрид беше пуштен во употреба реконструираниот регионален пат од Охрид до Свети Наум. Обновени се 24,3 километри магистрален пат, а инвестицијата е 11,7 милиони евра. Со реконструкцијата е направена целосна санација на коловозот, поставување нова на сигнализација, безбедносни огради и проширување на одредени делови, а направени се и заштитни интервенции на ризичните косини.

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска на отворањето на обновената делница, истакна дека паралелно се градат неколку патни правци, покрај автопатот Кичево- Охрид и делниците Тетово – Гостивар и Гостивар – Букојчани, а се работи и на подготовка за градба на делницата Букојчани- Кичево со што ќе се затвори автопатниот прстен во Западна Македонија.

„Инфраструктурата ги отвора вратите за туризам, за економија, за регионално поврзување, за работни места, за живот со достоинство. Во оваа година април месец е успешен со повеќе од 20% поголем број на странски туристи споредено со минатата година, а истото тоа и во првите четири месеци од годината споредено со првите четири месеци од минатата година“, рече Мицкоски.

Делницата од Охрид до Свети Наум, која е особено фрекфентна во летниот период, ги поврзува и сите плажи и туристички капацитети на јужниот дел од Охридското крајбрежје, со манастирскиот комплекс Св. Наум, и е дел од регионалната врска со Албанија

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

Istok Press