Се расчистуваат одроните на патните правци Виница-Берово, Кочани-Македонска Каменица-Делчево и Делчево-Пехчево

Штип, 12.02.2024

Македонија пат продолжува со расчистување на одроните на патните лравци Виница-Берово, Кочани-Македонска Каменица-Делчево и Делчево – Пехчево.

Екипи на Македонија пат утрово работеа на  расчистување на одроните на неколки локации, притоа советувајќи дека во услови на влажно време потребна е претпазливост при учеството во сообраќајот.

-Поради дождот кој непрекинато паѓаше, а потпомогнат од ветерот можни се одрони и во текот на денот на гореспоменатите делници. Наша обврска е редовно да ги отстрануваме истите, а апелираме тоа возачите да не го прават самоиницијатино, за да не дојде до не дај боже некои повреди, истакнаа од Македонија Пат.

Почитување на сообраќајната сигнализација и прилагодување на брзината е препораката која ја упатија до возачите.

-Знаеме дека се свесни возачите за ризик при возење по влажно време, но сепак повторуваме дека нема зошто да се брза. Нашите екипи остануваат во редовна обиколка и чистење на одроните онаму каде се забележани, додаваат од Македонија Пат.

Утрово дождот во Пијанечко-Малешевскиот регион престана, но се уште се вози по влажни коловози долж сообраќајниците во овој регион.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе