ШТИП: Бањата „Кежовица“ доби донации во чаршави и перници

Штип, 27.07.2023

Штипската бања „Кежовица“ која е омилено место каде главно штипјани си ја одржуваат личната хигиена,  а која има и соби за престој на гости со 35 кревети деновиве доби донации во чаршави и перници.

-На наша молба фирмата „Кофи Ангел“ од Прилеп ургенто одговори со донација на чаршави и перници за сите 35 кревети кои ги имаме на располагање во нашиот стационар, а кој го користат главно постари луѓе од цела Македонија. Многу сме им благодарни на сопствениците на „Кофи Ангел“ за донацијата со што тие, уште еднаш, ја покажаа својата докажана општествена одговорност, ни изјави Александар Сулев, раководител на бањата „Кежовица“ која е надалеку прочуена и по лековите својства на своите топли води.

Сулев информира дека и штипската конфекцијата „Лина“ им донирала 22 чаршави за кревети, а донација има најавено и конфекцијата „Грантекс“ – Штип.

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе