ШТИП: Комедијата „Веселинови“ на авторот Трајче Кацаров премиерно во среда,на 15 овој месец во Домот на култура „Ацо Шопов“

Штип, 13.05.2024

Секојдневниот живот кај нас, ситуацијата во државата, сиромаштијата, иселувањето се мотивите преточени во комедијата „Веселинови“, авторско дело на познатиот писател и драматург Трајче Кацаров. Главните улоги ги играат Оле Поцкова која ја толкува улогата на Веселка и Игор Стојановски – Баркли кој го толкува Веселко. Премиерата е закажана за во среда а репризата за во петок во Домот на културата во Штип.

„Едно такво семејство е фамилијата Веселинови, но покрај тоа што не може секоја фамилија да влезе внатре многу можат да се препознаат и посакале да имат такво огледало. Веселинови е огледало на нашата фамилија, на нашето секојдневие. Веселинови се пар кои се во постојана противречност, стравови. Стравови кои се предизвикани од плитките џебови, стравови кои се предизвикани од далечината на нивните деца и се она само по себе кое го носи секојдневното живеење. На некој начин ги лечи од сите они лоши особености, лоши моменти, кое што може да дојде било кое семејство, фамилија во услови тоа е денешницата.“ изјави Кацаров.

Главните ликови во претставата изјвија дека за прв пат го прифатиле предизвикот да глумат во театарска претстава, за која, како што велат подолг период биле во дилема дали ќе можат да одговорат на предизвиците.

„Ова за мене е прво искуство и многу драгоцено, јас до сега не сум играла во театарска претстава. На инсистирање на овој голем човек Трајче Кацаров јас се зафатив за оваа работа. Прво ми беше тешко бев во недоумица дали ќе ја изнесам таа улога. Дали ќе можам да ги исполнам барањата кои што не беа многу големи ама едноставно ова ми е прваа улога и јас не знаев дали можам да ги исполнам тие барања што ми ги постави Трајче“ посочи Поцкова.

„Во ликовите на Веселка и Веселко сите можеме да ги видиме нашите татковци, вујковци, дедовци, мајки, стрини, сигурно некој ќе се препознае во ликковите бидејќо е реална ситуација инспирирана од секојдневниот живот“ посочи Стојановски.

В претставата се појавува и десетгодишната Нела, која ја има улогата на интерпретатор на песна. Нела пред новинарфрите на денешната прес конференција се претстави скромно:

„Ја сум Нела Гегова, имам 10 години и ова е втор пат да учествувам во театарска претстава, се надевам дека  ќе бидам добра,“ рече талентираната Нела Гегова.

Се очекува претставата да го задоволи вкусот на публиката, како и тоа да се појават во што поголем број.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе