ШТИП: На просторот Штип, Карбинци, Радовиш ќе се инсталира една од најголемите ветерни електрани во Западен Балкан
Штип, 05.02.2025
Компанијата Алкарас Енерџи чие седиште е во Дубаи, ќе гради огромен ветерен парк кој главно ќе биде лоциран во Општина Штип, а ќе зафаќа делови и од општините Карбинци и Радовиш. Проектот кој денес беше претставен пред заинтересирани институции, организации и поединци од спомнатите општини ќе има капацитет до 396 мегавати и, како таков, ќе биде најголем ветерен парк на просторот на Западен Балкан..
Претставниците на заинтересираната компанија од Дубаи појаснија дека Алкараз Енерџи е одржлив инфраструктурен фонд на обновливи извори на енергија поддржан од банките за развој и посочија дека овој проект во нашата држава e најавен во месец јуни, минатата година.
-Развојот и проектирањето на ветерниот парк се во тек, а планирано е со изградба на истиот да се отпочне во втората половина на оваа година. Откако ќе биде завршен и пуштен во употреба речиси петкратно ќе го зголеми инсталираниот капацитет на електрична енерија добиена од ветер во Македонија. Всушност, овој ветерен парк ќе произведува струја еднаква за напојување на 150.000 домови, притоа избегнувајќи 980.000 тони емисии на CO2 годишно, беше речено во јавната презентација на проектот.
Овој ветерен парк ќе произведува струја еднаква за напојување на 150.000 домови, притоа избегнувајќи 980.000 тони емисии на CO2 годишно, ќе има до 54 генератори на ветерни турбини секоја со номинална моќност од 6-8 МW, а ќе произведува над 860 GWh електрична енергија годишно.
Инаку, овој проект опфаќа до 54 генератори на ветерни турбини секој со приближно од 6-8 МW номинална моќност. Генераторите ќе се поврзат со35/400 кv трафостаница која ќе биде изградена специјално за потребите на проектот. Очеку вањата се овој ветерен парк да произведува над 860 GWh електрична енергија годишно со претпоставен век на траење од 25 години.
Ветерниот парк ќе зафаќа површина од 326 хектари. Дизајнот на проектот е во тек, а откако ќе бидат завршени комбинираните инженерски и еколошки студии, позициите на турбините и внатрешните патишта ќе бидат потврдени.
Заинтересираната компанија смета дека покрај производството на електерична енергија од обновливи извори локалните заедници ќе добијат и свои бенефити. Речено е дека внатрешните патишта ќе ја подобрат мобилноста на локалната заедница обезбедувајќи пошироки и побезбедни патишта, за време на изградбата дел од локалното население ќе биде ангажирано од фирмите кои ќе го градат паркот, студијата во однос на влијанието на проектот врз животната средина е во фаза на изработка и ќе биде во согласност со националното законодавство.
-Алакраз Енерџи се посветува на работењето со највисоки стандарди на интегритет, во согласност со својот кодекс на етика и деловно однесување. Алкараз Енерџи ги цени ангажманот, транспарантноста и одговорноста кон заинтересираните страни кои можат да бидат засегнати од или имаат интерес за нашите средства. Ние ги прифаќаме коментарите во однос на проектот , вклучително и анонимни пријави, информираа од компанијата на денешната јавна дебата во однос на овој проект.