ШТИП: Реконструкција и фотоволтаични панели на кровот на СОУ „Јане Сандански“

Штип, 13.12.2023

Во Штип во теке е реконструкција на кровот на средно општинско (медицинско) училиште „Јане Сандански“, а по завршувањето на оваа фаза ќе се пристапи кон  поставување фотоволтаични панели. Увид во работите направи градоначалникот Иван Јорданов кој притоа истакна дека со инвестиција вредна 5,5 милиони денари се создава можност за значителна заштеда на електрична енергија.

Јорданов потенцира дека фотоволтаици веќе се поставени на кровот на Општинското основно училиште „Тошо Арсов“, а до крајот на годината ваков проект треба да започне и во Средното општинско училиште „Коле Нехтенин“.

Според градоначалникот Јорданов во Штип до овој момент се поставени фотоволтаици на кровот од ООУ „Тошо Арсов“, а фотоволтаици ќе бидат поставени и во СОУ „Коле Нехтенин“.

Со овој потфат се очекува значително намалување на сметките за елекрична енергија во сите училишта со инсталирани фотонапонски централи.

Реконтрукцијата на кровот на медицинското училиште и поставувањето фотоволтаични панели се реализира во рамки на проектот „Сончеви училишта“ финансиран од фондацијата Отворено општество за Западен Балкан.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе